Реакции по навредите кон Силјановска: Срамно е да сатанизирате личност по возраст и пол

Од:

По серијата навреди на социјалните мрежи кон професорката по Уставно право и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, невладини активисти за „А1он“ изјавија дека е срамно во 21. век да се дискриминира личност врз основа на пол и возраст. Активистката за родова еднаквост и права на маргинализирани групи, Ирена Цветковиќ, рече дека вакви реакции во општеството во кое живееме допрва ќе следат, особено кога за претседателска функција се бори жена.

„Во еден од коментарите имаше споредба на професорката Силјановска со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, ова е класичен сексизам и шовинизам. Крајно време е да се стави крај на дискриминацијата на жените и на нив да се гледа како на мајки, сопруги, баби. Ние гласно ќе говориме и ќе ги осудиме сите навреди кон жените. Живееме во 21. век во кој светот се бори за мултикултурализам и прифаќање на различностите, а ние за жал се уште имаме проблем со ниска свест за овие вредности. Навредите упатени кон професорката покажауваат дека со свеста за родовите разлики сме останале 500 години назад“, изјави Цветковиќ за „А1он“.

На „Фејсбук“ реакции имаше и од професорката Катерина Колозова и Жанета Трајковска, директор на Македонскиот институт за медиуми. Колозова ги осуди омаловажувањата на поединци кон професорката и на нејзиниот профил напиша:

„Мизерна е мизогинијата кон Гордана Силјановска и омаловажувањата кои висат така, неуверливи. Може по сто прашања да не се согласувам со неа, но дека е чесен човек, остар ум и дека има политички талент е факт. Барем признајте дека противникот е достоен“, напиша Колозова.

Трајковска од Македонскиот институт за медиуми, вели дека шиканирањe  и сатанизирање на политички противници е недозволиво доколку Македонија сака да стане демократска држава.

„Не ве разбирам. Со дел од вас сум делела улици за правда, за нормализирање на општеството и за политички плурализам. Викавме силно против шиканирање на политички неистомисленици, сатанизирање на граѓанските активисти и игнорирање на експертската јавност и професорите. Викавме за правда и плурализам, мир и конкуренција, различни мислења и различност. Зарем сега вие сте други и е поинаку бидејќи власта се смени?! Па сега, иако повторно се случува истото: исмевање, сатанизирање, шиканирање на политичкиот противник и неистомисленик, сега е ок?! Само затоа што Вие сега тоа го правите, истите вие што силно викавте дека нема правда и нема мир. Па што ви е бре?! Вакво иронизирање и потсмевање беше дел од злото кое не смееше да се повтори. За ова се боревте, да го заземете местото за исмевање и сатанизирање на противниците?! Па кај ви е сонот за плурално, различно и живо општество полно со спротивставени ставови и идеи, ама со иста цел: Македонија да стане нормална, напредна и демократска држава. Изгледа не ни имало сон за Македонија,“ напиша Трајковска.

Реакциите следат отакако на социјалните мрежи, поединци упатија навреди кон професорката Силјановска од типот дека е „стара баба“ која треба да чува внуци, а не да води полититика, а претходно ја прогласија и за „старомодна“ зошто немаше „Фејсбук“ профил.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Заради Пендаровски и Османи имаме 17 непополнети амбасади-Силјановска Давкова обвини дека партиските несогласувања ни ја диктираат дипломатијата

СДСМ: ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?

Законот поради кој имаше тепачка не може да одредува пензионирање на судии и обвинители, објаснува Силјановска-Давкова

Силјановска бара двајца, наместо пет потпретседатели, а Џафери да биде неутрален како папа

СДСМ: Силјановска е на иста линија со Мицкоски и Груевски, поддржувач на режимот и транзициски профитер

А1он

Собранието демантира дека од стенограмите на излагањето на Силјановска бил избришан зборот „рекет“