Според истражувањето на полицијата, исклучена е можноста за убиство на Јонче Грујовски, разузнавач и поранешен припадник на единицата „Тигри“.
Од МВР, за А1 велат дека од собраните докази и анализи , како и од разговорите со вработени во Агенцијата за разузнавање не постои можност да биде убиен, бидејќи имало апсолутна близина на испукување на куршумот, а и барутни честички биле пронајдени на раката на Грујовски.
Јонче Груjoвски, во петокот беше пронајден мртов во својата канцеларија во Агенцијата за разузнавање.
Од полицијата упатуваат на истражниот судија кој треба да утврди дали разунавачот се самоубил или станува збор за несреќен случај.