Разрешувањето на Зврлевски – на утрешниот дневен ред на Собранието

Од:

Собранискиот спикер Талат Џафери за утре закажа продолжување на три собраниски седници. Првата од седниците е со само една точка на дневен ред – извештај за работата на Агенцијата за администрација за 2016.

На втората седница, која е закажана само дваесет минути подоцна, меѓу точките на дневен ред е и именувањето заменици на генералниот секретар на Собранието, а на третата седница една од точките за кои треба да се расправа е предлогот за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски.
Според најавите на Џафери, не се исклучува можноста пратениците да имаат работен викенд за да ги завршат заостанатите обврски.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска