Разрешувањето на Велковски на владина седница, неизвесно кој ќе го наследи

Од:

Откако внатрешната истрага во МВР утврди дека е направена повреда на процедурата за службено патување, Владата денеска на седница ќе расправа за разрешување на директорот на БЈБ, Лазо Велковски.

По внатрешната истрага што ја спроведе, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот на месецот, откако во дел од медумите беа објавени фотографии од службеното возило „Ренџ ровер“, за кој е задолжен Велковски, во камп во Грција и написи дека всушност ќерката на директрот на БЈБ со возилото е превезена дотаму, беше утврдено дека не била запазена процедурата за службено патување. И покрај налогот не било потпишано решение за службено патување.

Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди утврдил дека џипот бил пратен во Грција со налог кој го потпишал самиот Велковски. Во својот исказ тој изјавил дека „Ренџ роверот“ го ангажирал поради крајна нужност, односно бидејќи подолго време му се заканувале и нему и на неговото семејство.

На 2 август, на државниот празник Илинден, кога џипот бил во Грција, Велковски бил работно ангажиран за прославата.

Велковски е еден од блиските соработници на Заев и Спасовски, а премиерот вчера изрази уверување дека тој и натаму ќе биде значаен партнер во МВР, бидејќи е важен поради неговото искуство.

– Исправен пред заканите што од минатото биле насочени кон него и кон неговото семејство ја направил грешката, рече Заев и демантира дека неговата смена е резултат на внатрепартиски пресметки во СДСМ.

Додаде дека неговото разрешување е чин на понесување одговорност, нешто што граѓаните на земјата го очекуваат од носителите на јавни функции.

На денешната владина седница ќе се разгледа барањето за разрешување на Велковски, а Заев вчера рече дека не се знае кој ќе го замени и дека засега воопшто и не биле разгледувани имиња, со оглед на тоа што тој е презадоволен од неговата работа и оваа ситуација го затекнала.

За можните негови наследници ќе се разговара понатаму.

– Имиња за негов наследник се уште немаме, не сме размислувале, бидејќи не се надеваме дека ќе се случи ваква грешка. Ќе ни треба време да најдеме вистинско решение, рече Заев.

Велковски е дипломиран криминалист. Во МВР е вработен од 1991 година. Во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во МВР и Агенција за разузнавање.

Извршувал високи раководни функции, меѓу кои началник на СВР-Велес и на СВР-Скопје, помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ. Во периодот од септември 2006 до ноември 2015 извршува работни задачи во Агенцијата за разузнавање.

До 2002 година бил припадник и на Посебните едниници на полиција при што учествувал во многубројни акции и операции при нарушен ЈРМ од поголем обем и други сложени безбедносни појави на подрачјето на цела територија на Република Македонија. Поседува потврда за бранител.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски