Разрешена Ана Петровска, веднаш е поставен и нов в.д. директор на инспекторатот за животна средина

Од:

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од Владата за „А1он“ велат дека за в.д. директор веднаш е назначен Сретен Стојковски. Петровска беше директорка десет месеци, а именувана во октомври минатата година. Нејзиното разрешување доаѓа откако таа се скара претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, откако побара вонреден конгрес.

Морачанин во изјава за „А1он“ рече дека барањето за разрешување е бидејќи смета дека има поплаки од граѓаните и негативни реакции од вработени во инспекторатот. Не знаеше да каже колку граѓани се пожалиле на работата на Петровска. Претседателката на ДОМ посочи и дека инспекторатот нема решено големи случаи поврзани со загадување, има мал број на казни, иако е зголемен бројот на инспекциски надзори, па и тоа го наведе како причина за побараното разрешување. За позитивните реакции за работата на Петровска, претседателката Морачанин вели дека не ги видела сите такви коментари.

Разрешената Петровска најави свој став откако ќе ја добие одлуката на Владата.

Би можело да ве интересира

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните