Разрешен струшкиот муфтија

Од:

Струшкиот муфтија во ИВЗ Ферат Полиси, попладнево е разрешен од функцијата прв човек на муфтиството во Струга. Највисокото раководство на ИВЗ денеска на седницата покрај Полиси донело одлука за разрешување и на сите тела на муфтиството во Струга.

Разрешувањето дошло после последните случувања со рушењето на дел од Мустафа Челеби џамијата во Струга, но и поради прекршување на интереси на муслиманите во Струга и протоколот кој ИВЗ го потпишала со Дијасетот на Исламската верска заедница во Турција, а кој што предвидувал реконструкција и реставрирање на џамијата во Струга како и заштита на елементите на османлиската архитректура кој ги поседувала џамијата но не и нејзино рушење се вели во соопштението на ИВЗ.

Од таму велат дека до избор на нов муфтија ќе бидат ангажирани нови луѓе во извршување на секојдневните обврски. Струшкиот муфтија Полиси не е достапен за коментар. Инаку градежните работи денеска беа прекинати. Полиси телефонски претходно кажа дека ги поседувале сите потребни одобренија. Тврдеше дека со турскиот амбасадор потпишале протокол за тоа што ќе се руши, и кој дел е под заштита. На ова реагираа и од Завод и музеј Охрид.

„Не ми е јасно какво одобрение добило муфтиството од локалната самоуправа и тоа е невалидно. Имам сознанија дека е потпишан меморандум за нерушење на џамијата, не само на најстариот дел. Јас за друг меморандум не знам освен тој што беше.Јас знам дека е против турксата амбасада ова што се случува“, рече Тања Паскали Бунташевска директор на Завод и музеј Охрид

Реагираа и политичките партии. Од ДПА во Струга велат дека Полиси бил марионета во рацете на градоначалникот на Струга,Рамиз Мерко

„Затоа стружани не заслужуваат една марионета на Рамиз Мерко како што е муфтијата Ферат Полиси. Овој градоначалник брза да го измени деталниот урбанистички план за легализација на неговите валкани бизниси, а не за давање локција за изградба на нова џамија во Струга“, рече Лавдрим Елмази претседател на огранокот на Дпа во Струга.

Извори од турската заедница во Македонија за А1 велат , дека на рушењето на дел од џамијата реагирал и турскиот премиер Ердоган, кој од македонскиот амбасадор во Турција побарал објаснување што навистина се случува на терен, иако официјално нема реакција од Амбасадата на Турција во Скопје.

Од Завод и музеј во Охрид, кој се надлежни за овој објект велат дека џамијата е изградена во 16 век, и дека целиот објект е под заштита вклучувајки ја и доградбата на џамијата. Директорката на оваа устанува вели оти за оваа постапка некој треба кривично да одговара, и оти на ред сега се надлежните инспекциски служби.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска