Размена на искуства за државната администрација помеѓу Македонија и на Црна Гора

Од:

Размена на искуства за државната администрација и можностите за соработка, беа тема на денешната средба во Подгорица на државниот секретар во македонското Министерство за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, со државниот секретар при Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, Јадранка Војновиќ и генералниот директор на Директоратот за администрација и локална самоуправа, Веселин Вукчевиќ.

Според соопштението од МИОА, на средбата е оценето дека унапредувањето на регионалната соработка и јакнењето на административните капацитети претставуваат основа за овозможување поквалитетен живот на граѓаните, паралелно и за напредок на обете земји. Остварувањето на тие цели ќе придонесе за поефикасна и потранспарентна администрација, што меѓу другото е приоритет во процесот за пристапувањето кон Европската Унија.

– Препознавајќи го значењето на Регионална школа за јавна администрација (Респа), со седиште во Даниловград, Црна Гора, беше разговарано за можни обуки, конференции и воспоставување мрежа за соработка помеѓу вработените во државната администрација и во институциите од областа на европските интеграции, кои преку разни практики и меѓусебна размена на искуства, би придонеле кон резултати во спроведувањето реформите во јавната администрација во двете земји, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Црна Гора во близина на Никшиќ

(ВИДЕО) Подгорица: Групи на маскирани млади мажи излегоа на улиците: Постојано викаа „Турци надвор“

ВИДЕО: Рации во Подгорица откако Турци избодоа млад човек, Црна Гора ќе го укине безвизниот режим

Убиен е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“

Во Црна Гора уапсени поранешен обвинител, полицајци, агент и бизнисмен

А1он

Го пропушта воведниот меч на Евробаскет – стапна врз морски еж

А1он