Разлика од речиси 55 илјади гласачи во одзивот за парламентарните и претседателските избори

Од:

Речиси 55 илјади е разликата во бројот на избирачи кои гласале на паралментарните и на претседателските избори. На парламентарите избори, според пресекот на ДИК за до 13 часот, на гласачките места се појавиле 462 715 гласачи, додека за претседател гласале 407 748 гласачи. Разликата е 54 967.

Спред податоците на ДИК, евидентно е дека во општините со доминантно албанско насление разликата во одзивот на парламентарните и на претседателските избори е многу поголема во однос на разликата на ниво на држава. Па така во Боговиње на претседателски избори гласале 5,17, на на парламентарните 15,24 проценти, во Врапчиште за претседател гласале 5,38, а за паратеници 12,6 проценти.

Во Дебар разликата е 8,78 со 14,27, во Желино 6,79 со 15,18, во Липково е најдрастично, за претседател гласале само 3,28 проценти, а за пратеници 17,7. Во Сарај разликата е 8,17 со 25,51.

Би можело да ве интересира

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањето на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Управен суд одлучува за седумте тужби на Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Османи им се пожалил на странските амбасадори за „произволни одлуки на ДИК со кои се краде изборната волја“

„Вреди“: ДИК за ИЕ6 отвори седум гласачки кутии, во четири се констатирани неправилности, ДУИ нема капацитет за спроведување избори

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски