Разгледувањето на амандманите за Законот за бранителите продолжува в четврток

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за в четврток за 11 часот го закажа продолжението на седницата на Комисијата за труд и социјална политика на чиј дневен ред е законот за бранителите.

Со Комисијата ќе претседава пратеничката Сузана Анова.

Вељаноски седницата ја закажа врз основа на член 120 став 3 од Деловникот, откако претседателката на Комисијата Цветанка Иванова одби да ја води седницата бидејќи од неа беше побарано да закаже друга седница на чиј дневен ред беа девет закони во прво и второ читање, меѓу кои и за зголемувањето на пензиите.

Иванова сметаше дека најнапред треба да заврши седницата на Комисијата на која на дневен ред и да бидат разгледани сите над 15.500 амандмани на Предлог на закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, по скратена постапка. Законот го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а амандамните ДУИ, која сака да го блокира неговото донесување.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

А1он