23-годишниот Џ.Д. од Радовиш вчера околу 1 часот извршил разбојништво над М.О. (81), при што и одзел паричник во кој имало 6.500 денари.
Џ.Д. влегол во куќата и додека М.О. лежела на креветот, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата, а во еден момент ја земал перницата и почнал да ја гуши.
Откако М.О. ја изгубила свеста, Џ.Д. го земал паричникот и го напуштил местото. Од нападот, оштетената се здобила со телесни повреди.
По превземени мерки Џ.Д. е приведен и против него е поднесена кривична пријава.