– Целиот случај е конструкција на високи функционери во УБК и БЈБ и поранешен министер за внатрешни работи, рече адвокатот Насер Рауфи во завршните зборови за случајот „Диво Насеље“.
Тој додаде дека за да се докаже невиноста на осудените, потребни се телефонските разговори од СЈО, кои, според него, се суштински за обелоденување на вистината.
Судењето за „Диво Насеље“ почна во февруари минатата година. Во овој случај обвинети се 37 лица за тероризам и терористичка организација.