Расте бројот на запалени оџаци во Штип

Од:

Во центарот на Штип на улицата „Љубен Иванов“, утринава околу 9:30 часот се запали оџак на куќа. Пожарот експресно го изгаснаа штипските пожарникари.

Тони Атанасов командир на ТППЕ-Штип вели дека нема голема материјална штета во куќата, каде што се запалил оџакот. Тој истакна дека изминатите денови бележат шест пожари, од кои и три на оџаци.

– Поради ниските температури изминатите денови граѓаните, кои се греат на дрва во своите печки ставаат поголеми количини. Во текот на наредните денови поради појавата на ветер очекуваме и оваа бројка на пожари да се зголеми, бидејќи ветерот ги носи саѓите од оџаците, со што се предизвикува и нивно палење, вели Атанасов.

Апелира граѓаните да внимаваат и редовно да си ги чистат оџаците пред секоја грејна сезона.

Би можело да ве интересира

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица

Тројца тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Три Чешми-Штип

Горан Наумовски

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара