Расте бројот на хоспитализирани и новозаболени со Ковид-19

Од:

До крајот на оваа недела или почетокот на идната ќе биде јасно дали зголемениот број на заразени со коронавирусот е почеток на нов Ковид бран. Комисијата за заразни болести ќе се состане утре, но според министерот за здравство Венко Филипче нови рестриктивни мерки не се потребни.

На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на Ковид-состојбата во земјата. Филипче вели сите опции се отворени, но мора да бидат издржани и спроведливи.

Анализите покажуваат дека процентот на новодијагностицирани случаи и минатата во однос на претходната недела е зголемен за 25 проценти. Расте и Р0 факторот на преносливост од 1,05 на 1,14.

Во однос на инциденцата на ниво на целата држава, последните две недели во однос на претходните 14 дена е зголемена за 28,5 проценти во 35 градови, а во други седум е непроменета или има одредено намалување.

И бројот на пациенти кои се хоспитализирани минатата недела во однос на претходната недела бележи раст за 15 проценти.

Досега во државата се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини, прва доза примиле 810.000 граѓани, околу 8.000 се пријавиле дека се вакцинирале во странство, ревакцинирани се над 780.000 граѓани, а трета доза примиле 46.000 граѓани.

Во претходното деноноќие од 3.597 тестирања беа регистрирани 656 нови случаи на Ковид-19. Како оздравени се регистрирани 273 пациенти, а починаа 13 лица на возраст од 65 до 86 години.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.566, бројот на оздравени пациенти е 191.922, на починати е 7.276, а бројот на активни случаи изнесува 8.368. Речиси половина од активните случаи се од Скопје.

На територијата на целата држава меѓу малолетната популација до 18 години има 1.068 активни случаи со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски