Одложена расправата за пописот, на пратениците им требало време да се подготват

Од:

Расправата за пописот кој е планиран да се спроведе наредната година беше одложена на денешната комисијата за европски прашања поради, како што било наведено, потребата од дополнителни преговори помеѓу пратениците за почеток на дебатата. Како последица на ова беше одложена и расправата по истиот закон и на законодавно-правната комисија.

Поради набиената собраниска агенда и одморите, расправата најверојатно ќе биде одложена за крајот на овој месец или почетокот на септември.

Очекувањата на пратениците е дека Законот за попис ќе биде донесен без посебни задоцнувања и одолговлекувања. Тие тврдат дека кај сите пратенички групи постои интерес овој закон да биде донесен во најбрз можен рок.

По изгласувањето на законот ќе започнат технички и технолошки подготовки за пописот меѓу кои и набавка на 6 илјади компјутери, набавка на апликации и останати потребни материјали. Пописот е планиран да чини околу 8 и пол милиони евра, за разлика од минатиот пропаднат попис кој беше проценет на 14 милиони евра.

Освен анкетите лице в лице, ќе се користат регистрите на другите институции, а сите податоци наместо на хартиени обрасци ќе се внесуваат во компјутер.

Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски најави дека за резултатите од пописот нема да се чека година и половина како досега туку дека истите ќе бидат готови за само три месеци.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски