Расправа за проблемот со лажните азиланти од Западен Балкан

Од:

Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ денеска ќе разговараат во Луксембург за проблемот со лажните азиланти и суспензија на „Белиот  Шенген“ за земјите од Западен Балкан.

Извештајот на Европската комисија за големото зголемување на бројот на азиланти од земјите на западен Балкан и расправата за воведување механизми за суспензија на безвизниот режим ќе биде прва тема на денешниот состанок на 27 министри на полицијата, соопштуваат од седиштетето на Европскиот совет.

Претходно беше соопштено дека министрите за внатрешни работи на Германија, Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Шведска бараат итно разгледување на можноста на граѓаните на Србија и Македонија повторно да им се воведат визи за патувањата во ЕУ поради големиот прилив на лажни азиланти.

Дипломати од Брисел, сепак објаснуваат дека никаква одлука по ова прашање нема да биде донесена денеска, туку само министрите ќе разменат мислења каков механизам да се спроведе низ комплицираната процедура на европските институции.

 

Би можело да ве интересира

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигна највисоко ниво во последните шест години

Ана Ололовска

Од Русија избегаа во Америка, наместо во ветената земја завршија во притвор

Горан Наумовски

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Зелено светло од ЕУ за суспензија на визната либерализација со Русија

ФТ: ЕУ планира следната недела да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување