Расправа во Собранието за Законот за употреба на јазиците

Од:

Претениците денеска во рамки на 15. седница ја почнаа расправата по Предлог законот за употреба на јазиците во прво читање.За пратениците од мнозинството тој произлегува од Уставот и значи унапредување на употребата на јазиците на помалите етнички заедници, додека за опозицијата предлогот е неуставен, надвор од Рамковниот договор, со кој се воведува двојазичност на целата територија и се прави обид да се донесе пред локалните избори.

Во попладневниот дел од работата во Собранието преовладуваа репликите на обраќањето на Томислав Тунтев од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои сметаат дека мнозинството брза да го донесе законот пред локалните избори. Порачаа дека треба да се одржи јавна расправа и оти треба да се врати законот назад.

– Ова е закон во прво читање и се утврдува само потреба од носење на овој закон и затоа треба да се отвори дебата. Бидејќи е во прво читање не може да се донесе до локалните избори, рече Тунтев и додаде дека со дебата ќе се лоцираат сите недвосмислености.

Според него основна цел треба да биде всушност унапредување на она што беше и со минатиот закон и со уставните амандмани. Евроинтеграцијата на РМ е тесно поврзана со целосна имплементаација на Охридскиот договор и затоа е овој предлог закон е дел од евроинтегративните процеси, потенцира Тунтев.

Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека оа ова е сериозна тема и оти со овој предлог мултиетничкото општество се прави двојазично.

Таа истакна дека со законот во 2011 година беше исполнување на Охридскиот договор, а овој предлог е надвор од секаков процес на усогласување со Рамковниот договор.

Нејзиниот сопартиец Никола Мицевски смета дека треба да се отвори јавна расправа.

– За ова круцијално прашање ни донесовте спакувано решение. Ова е ултимативен предлог пред локалните избори со кој треба да се подобри рејтингот на вашиот коалициски партнер, рече Мицевски.

Жаклина Пешевска смета дека овој закон ги дискриминира помалите етнички заедници кои живеат во Македонија.

– Со него, рече, не се унапредува животот на граѓаните.

И Нола Исмајловска порача дека е добро да има јавна расправа па дури и после првото читање. – Нашата заедничка цел е унапредување на животот на сите граѓани, рече таа и додаде дека е важно да создаваме пофункционални и поразвиени општества.

Драган Цуклев посочи дека се сака набрзина да се помине законот во прво читање пред локалните избори за, како што рече, да добиете поддршка од албанските гласачи во некои општини, а ДУИ сака да ја покрие неспособноста во функционирањето на некои локални самоуправи со ова прашање.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата поради обврски на партиите за поднесување кандидатски листи за локалните избори. Ново продолжение дополнително ќе биде закажано.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година