Тендер за надградба и одржување на Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој Термин“ распиша вчера Министерството за здравство.
Вредноста на јавната набавка изнесува пет милиони денари (со влучен ДДВ). Отворањето на понудите е предвидено за 14 февруари, информираа за МИА од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.
Со тендерот, посочија од Управата, е предвидено надградба на системот со нови функционалности, како и модули кои првпат се воведуваат, со цел унапредување на досегашниот систем.