Распишан конкурс за избор на директор и заменик на МРТ

Од:

Македонската Радио Телевизија распиша конкурс за избор на нов директор и заменик директор на јавниот сервис, кои ќе седнат на местата на актуелните Марјан Цветковски и Харун Ибраими.

На Цветковски мандатот му истекува во март годинава. Функцијата генерален директор ја извршува од 2012 година.

Според конкурсот објавен на интернет страната на јавниот сервис, директорот и заменик директорот се избираат за период од 3 години со можност за повторен избор. Кандидатите што ќе се пријават треба да се: државјани на Република Македонија, да имаат високо образование, да поднесат Програма за работа на МРТ за период од три години, да имаат над пет години работно искуство во областа на комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото.

Петгодишните мандати на членовите на програмскиот Совет истекуваат во декември. Меѓу членовите на програмскиот совет се поранешните пратенички од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Јагнула Куновска и Косана Николиќ-Мазневa, свој преставник имаат двете новинарски здруженија ЗНМ и МАН, а од неодамна за претседателка е назначена професорката Смилка Јанеска-Саркањац, откако претходно беше разрешена Снежана Клинчарова.

Би можело да ве интересира

Утврдена листата кандидати за членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија

37 кандидати се пријавиле на конкурсот за членови на Програмскиот совет на МРТ

Мециновиќ: Зошто седум години не се распишува оглас за генерален директор на МРТ

Катерина Ѓуровски

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат