Раскопани стари православни гробови во Дебреше

Од:

Пет православни гробови стари повеќе од еден век, во близина на гостиварското село Дебреше, биле раскопани минатава недела, информираат од СВР Тетово.

Случајот, скврнавење вчера попладне во полиција го пријавил П.И. жител на Дебреше. Од извршениот увид констатирано е дека во периодот од 21 до 24 август, во местото Горни Ропач во шумовит предел на селото, ископале пет отвори со различни форми и димензии.  За гробовите се претпоставува дека се стари од 100 до 150 години и не се знае што е земено од внатрешноста.

Истражните органи преземаат мерки за откривање на сторителите и мотивите на овој чин.

Годинава, по оној во селото Симница, ова е втор случај на сквернање на стари гробови. Лани, во гостиварскиот регион беа регистрирани по еден во селата Долна Бањица и Сенокосе и два во Дебреше.

Би можело да ве интересира

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план