Раскол во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

На повидок се оставки на шефовите на месните штабови на ВМРО ДПМНЕ во Даме Груев, Волково, Кисела Јабука, Ѓорче Петров и Мирче Ацев, поради незадоволство од изборот за Сокол Митровски да биде нивни кандидат за градоначалник.

Негодувања во највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ, во Ѓорче Петров.

Кавгата, според информациите, дошла дури и до највисокото раководство кое преку Трајко Вељановски деновиве ќе се обиде да ја смири тензијата.

Поголем број приврзаници на ДПМНЕ, доколку бидат приморани ќе работат за Митровски, но нема да гласаат за Митровски. Од друга страна, дел од членовите на ОК сметале дека кандидирањето на Митровски е одличен потег. Тој и така важел за кадар на СДСМ, па доколку изгубел, ВМРО ДПМНЕ немало да го прифати поразот на партијата, туку како пораз на поранешен комуњар и ќе се очистел просторот за новите сили. Со поразот на Митровски, ВМРО ДПМНЕ ќе се ослободи и од Методија Наковски, кој е меѓу најомразените во Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ