Расчистено вчерашното убиство во Арачиново

Од:

Министерството за внатрешни работи го расчисти вчерашното убиство на 17-годишниот Ељон Јакупи во скопско Арачиново.

Како што информира портпаролот на МВР на денешната прес-конференција, по преземните мерки во текот на вчерашниот ден за расчистување на убиството и извршените службени разговори со 15-тина лица за утврдување на идентитетот на сторителот на делото, денеска во Полициската станица во Кисела Вода е приведен 19-годишен роднина на убиениот кој е осомничен за убиството.

– Заедно со осомничениот обезбеден е и пиштолот со кој веруваме дека е извршено убиството и е даден на натамошно вештачење. По завршување на постапката заедно со кривична пријава осомничениот ќе биде предаден на натамошна постапка, рече портпаролот на МВР.

Тој посочи дека убиството се случило вчера околу 16 часот во близина на маркетот „Империјал“ во Арачиново од каде и било пријавено до полицијата. Веднаш по пријавувањето на настанот бил извршен увид и биле преземени мерки за пронаоѓање на сторителот.

– Според првичните сознанија извршител на убиството е 19-годиншно лице кое е во роднински врски со убиениот. До убиството дошло по претходна расправија преку телефон по што настанала тепачка меѓу двете лица во која осомничениот извадил пиштол и со два истрела во градите го погодил Јакупи по што се дал во бегство. Јакупи веднаш со приватно возило бил пренесен во амбулантата во Сингелиќ каде им подлегнал на повредите, информира портпаролот на МВР.

Од местотот нанастанот, додаде, подигнати се две чаури и еден стап од земјоделска алатка кои се дадени на вештачење.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски