Расчистено убиството во „Селиште“, приведен маж од Неготино

Од:

Полициската станица Неготино денеска до надлежното ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.К. (44) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело “убиство од небрежност“ односно на 20ти овој месец го убил Ј.Д. (50) од село Тимјаник, неготинско.

На 20.04. околу 18,30 во месноста викана „Селиште“- Копришница, во атарот на општина-Демир Капија бил пронајден починат Ј.Д. од с.Тимјаник, неготинско. Потоа полициски службеници од Неготино во координација со ОЈО Велес извршија увид на местото на настанот.

Телото на починатото лице е предадено на обдукција и се преземени мерки за расчистување на случајот.

Според документираните сознанија од истрагата на 19.04. околу 17, 00 часот во посочената месност, Д.К. од небрежност со ловна пушка истрелал во правец кон Ј.Д. нанесувајќи му устрелна рана во пределот на горниот дел од телото.

Д.К. заедно со кривичната пријава и доказниот материјал денеска е предаден на ЈО од ОЈО Кавадарци за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

Горан Наумовски