Расчистено е свлечиштето кај браната Калиманци, на патниот правец Кочани-Делчево.
Сообраќајот на патот е нормализиран и се одвива по двете коловозни ленти, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Поради свлечиштето претходно сообраќајот на тој дел од патот се одвиваше по една лента.