Расчистени три тешки кражби, украденото вратено на сопствениците

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар расчисти три тешки кражби, кои од седми до 12 јануари биле извршени во објект на „Железници на РСМ“ во Гостивар и во два угостителски објекта во негова непосредна близина, а Е.П.(35) и А.М.(18), двајцата од Гостивар, се осомничени дека се извршители на кражбите, информира МВР.

Тие со употреба на сила влегле во објектите и одзеле повеќе предмети и пари. Одземените предмети се пронајдени и на 24.01.2022 се вратени на сопствениците, лицата биле лишени од слобода, а по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, се додава во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност