Расчистена депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Од:

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ заврши со активностите за расчистување и санирање на дивата депонија кај месноста „Мауцкер“ во непосредна близина на градот.

Со активностите на терен извршено е порамнување на површина од 16 илјади метри квадратни со градежен шут и тампонирани се седум илјади метри квадратни со 2,5 илјади метри кубни квалитетна земја. Дел од градежниот шут околу пет илјади метри кубни е дислоциран на друга локација во рамки на депонијата.

Од „Охридски Комуналец“ информираат дека во иднина локацијата тековно ќе се одржува односно ќе се следи ситуацијата за да се спречи повторно одлагање отпад на тоа место.

Средствата за расчистување на депонијата од два милиони денари ги обезбеди Општината Охрид преку проект финансиран од ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија