Како неформална група на граѓани здружени со иста цел под името „Поддршка за онлајн настава “ која брои над 16.000 членови загрижени сме за здравјето на нашите деца кои имаат хронични болести и членови од најтесното семејство кои живеат со децата (родител, брат, сестра, баба, дедо).
„Бараме да имаме опција онлајн со цел да го заштите здравјето на децата и членовите на потесното семејство. Барање за онлајн настава е испратено до сите надлени институции како Министерство за образование, Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и оттаму има само молк.
Ние и нашите деца како ранлива категорија имаме право на заштита на нашето здравје , не знаеме која е причината зошто државата не се грижи за здравјето на оваа маргинализирана група која и крајот од краишта и не е многу бројна и нема да има никаков негативен импакт во однос на образовниот процес и социјализацијата на останатите деца туку само заштита на ѓивотот и здравјето на овие деца и родителикои и онака боледуваат од одредени болести“ се вели во дописот до медиумите.
Членовите на групата „Поддршка за онлајн настава“ бараат опцијата онлајн да постои и понатаму и истата да се одобрува одделно од страна на секој директор на училиште. Опцијата онлајн исто така ќе биде добредојдена и во периодот на криза која се најавува особено во зимскиот период и ладното време, затоплувањето на училиштата, а и во согласност мерките за штедење на Владата на Република Северна Македонија.
„Физички престој во училиште без маски, и каква било физичка дистанца во преполни училници, е средина која која гарантира сигурно заразување кај овие деца, а преку нив и на семејствата, без разлика што овој сој на Ковид е полесен, тој за хронично болните деца и родители може да биде фатален за веќе нарушеното здравје кое го имаат и да не заборавиме дека пандемијата прогласена од Сетската здравствена организација е сеуште на сила и ковидот постои и состојбата не е под контрола. Да не дозволиме да изгубиме некој наш драг прилател, роднина или недај боже дете и затоа не треба да постојат импровизации и компромиси кога во прашање е здравјето на оваа ранлива група“ се вели во писмото.
Право на здравје е универзално право и неприкосновено, Конвенцијата за правата на детето на ОНН согласно член 3 точка 2 и 3 државите потписнички на декларацијата во кои спаѓа и нашата држава се обврзале:
1.Во сите активности кои се однесуваат на децата, од примарно значење се интересите на детето , без оглед на тоа дали ги спроведуваат јавните или приватните институции за социјална заштита , судовите, административните органи или законодавните тела.
2.Државите членки се обврзуваат на детето да му обезбедат таква заштита и грижа кои се неопходни за неговота благосостојаба, замајќи ги во вид правата и обврските на неговите родители , законските старатели или на други поединци кои се правно одговорни за детето и за таа цел ги правземаат сите потребни законодавни мерки.
3.Државите членки се грижат сите институции, служби и установи кои се одговорни за грижа или за заштита на децата да бидат во согласност со стандардите што ги имаат утврдено надлежните органи , особено во областа на сигурноста и здравјето, бројот и достојноста на персоналот, како и на стручниот надзор.