Рангелова: СДСМ да не ги попречува подготовките за изборите

Од:

Ги повикуваме СДСМ да не ги попречуваат подготовките за изборите и да не размислуваат за сценарија со кои повторно Македонија ќе ја ставаат во заложништво на нивното немање капацитет за да се изборат за довербата на граѓаните, рече денеска на прес-конференција Даниела Рангелова, член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ.

Според Рангелова, СДСМ нема одговор, ниту капацитет за да парира на ВМРО-ДПМНЕ на конструктивен начин кога станува збор за проекти од општо добро за граѓаните.

– Единствен одговор кој може да го понуди СДСМ е деструкцијата и фабрикувањето на нови афери и манипулации. Резлултат на ваквите негативни сценарија се тонење на рејтингот на СДСМ и континуирано зголемување на разликата и предноста на ВМРО ДПМНЕ. Најновите изјави на Кире Наумов, Љупчо Николоски и Александар Кирацоски повторно се на истата линија. Тие сакаат да го оспорат избирачкиот список и системот на адреси по кои се организирани сите избори досега, вклучувајќи ги и изборите кои ги организираше СДСМ, а ги доби ВМРО ДПМНЕ во 2006 година, рече Рангелова.

Граѓаните, посочи, се свесни како гласале и за кого гласале.

– Нивното право на глас не може да биде оспорено од стравот на СДСМ од излегување на избори. Досега не беше наведен  ниту еден случај со кој беше оспорен основниот демократски принцип еден човек еден глас. Се што видовме беше проблематизирање на системот на адреси и улици. Истиот систем кој функционира со години наназад и кој се реформира интензивно изминативе години, посочи Рангелова.

Таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ победува во девет последователни изборни циклуси со разлика од 200.000 гласови затоа што се борела со програма и проекти кои директно се одразуваат на животот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски