Рангелова: Само 40.000 гласачи се спорни за Заев

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и Гордан Георгиев, Лилјана Шекеринска, Ерол Ризаов и Мирјана Најчевска и сите останати „кои што СДСМ инсистираше да бидат ставени на списокот на спорни гласачи“, да ја искористат законската можност и да се регистрираат за да бидат впишани во Избирачкиот список и да можат секако да го искористат своето право на глас, а нудат и помош за сите кои не можат да се снајдат околу пријавувањето.

Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека со објавувањето на списокот на гласачи кои СДСМ ги прогласи за спорни, излегле на виделина сите лаги со кои аболицираниот Зоран Заев и неговите сопартијци со месеци ја манипулираа јавноста, и дека немало ниту половина милион фантоми, ниту 300.000 фантоми, нити 200.000, туку само 40.000 гласачи, но и тие се спорни само за Заев и неговите сопартијци.

„Со објавувањето на списокот на спорни гласачи, граѓаните видоа дека не постоела никаква објективна причина за бегањето на Заев од избори. Единствената причина поради која што Заев одбиваше да излезе на соочување на избори е чисто од психолошка природа. Заев има страв од македонскиот народ. Овој страв е огромен и оправдан“, рече Рангелова.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани чие право на глас го спори СДСМ и Зоран Заев да ја искористат можноста и да се пријават во државната изборна комисија, подрачните единици или, пак, да ја искористат апликацијата која што им стои на располагање.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика и Гордан Георгиев, Лилјана Шекеринска, Ерол Ризаов и Мирјана Најчевска и сите останати кои што СДСМ инсистираше да бидат ставени на списокот на спорни гласачи, да ја искористат законската можност и да се регистрираат за да бидат впишани во Избирачкиот список и да можат секако да го искористат своето право на глас.

„Доколку било кој граѓанин има каков било проблем или му е потребен совет во врска со регистрацијата, ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање“, рече Рангелова.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски