Рангелова повторно ќе ја води Унијата на жените на ВМРО-ДППМНЕ

Од:

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека на вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за формирање нов извршен комитет на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ. Таа повторно била избрана да го предводи новиот состав на Унијата на жените на партијата.

„Ми претставува задоволство и чест што имам можност и одговорност да го предводам и новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жените. Сакам да му се заблагодарам на претходниот состав на Извршниот комитет на Унијата на жените за нивната работа и успеси. Единствени и силни продолжуваме да чекориме напред!“, напиша Рангелова.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче