Рангелова: Граѓаните на Република Македонија не сакаат редефинирање по урнек препорачан од други држави

Од:

„Граѓаните на Република Македонија на 11-ти декември јасно се изјаснија дека ги поддржуваат проектите и реформите предвидени во Програмата на ВМРО-ДПМНЕ кои значат просперитет на земјата. Тие не гласаа за пост изборни измами кои ги наметнува криминогениот СДСМ преку сеалбанската Платформа потпишана во Тирана.

Граѓаните на Република Македонија не сакаат редефинирање по урнек препорачан од други држави, ниту пак сакаат менување на Устав и вметнување на Тиранската Платформа во него, како што препорачува албанскиот министер за надворешни работи. Граѓаните сакаат обединување околу државните и националните интереси на она што се нарекува единствена Македонија.

Секој ден народот ги слуша креаторите на неуставната Тиранска Платформа како ја негираат и напаѓаат Македонија, а криминогениот СДСМ молчејќи го прифаќа редифинирањето на Република Македонија.

За разлика од Тиранската Платформа која нашата држава ја уназадува и одалечува од евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ го нуди Манифестот за Единствена Македонија која нуди разни решенија за доближување на нашата цел, а тоа е влегување во семејството на ЕУ и НАТО.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ водена од интересите на граѓаните, нуди решенија како да се подобри и обезбеди поефикасна прекугранична соработка во соседството. Затоа корисно е формирање на европски регион помеѓу Република Македонија и соседните земји за подобро искористување на ЕУ фондови, особено во делот на зачувување на природата, водите и транспортните коридори.

Што има СДСМ против овој елемент во Манифестот?

Зошто со Тиранската Платформа ја одалечува Република Македонија од нашата обединувачка цел а тоа е членството во ЕУ и НАТО?

Криминогениот СДСМ со оваа неуставна Платформа има за цел да го смени и Уставното име на Република Македонија.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ преку Манифестот за Единствена Македонија, предлага партиите да се договорат да не се прифаќа промена на Уставот со цел промена на уставното име. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози кои ќе го загрозат македонскиот национален идентитет, кои ќе ја загрозат засебноста на македонската нација и македонскиот јазик.

Зошто СДСМ не се согласува со овие предлози?

Дали основната причина е тоа што СДСМ е уценет со криминалите што ги има сторено нивното раководство изминатиов период?

Нема да дозволиме некој за да се спаси од сторените криминали да го продаде нашето име.

Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ нема да побегнат од правдата.

Нема да дозволиме кое било решение да биде прифатено од страна на политичари и поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на Референдум, а притоа мнозинството граѓани кои ќе излезат на Рефендумот да се согласат со можното решение.

Поради сето ова, Манифестот за Единствена Македонија предвидува уште еден важен елемент, а тоа е воспоставување редовен дијалог помеѓу секоја власт и опозиција за прашања од национален интерес.

Бидејќи дијалогот треба да се одвива и решенијата да се изнаоѓаат секогаш во рамки на институциите на Република Македонија, од страна на претставници се разбира кои се избрани од граѓаните. Тоа е најефикасната заштита од надворешни влијанија или реализација на агенди кои не потекнуваат од заедничкиот интерес на македонските граѓани.

Манифестот за Единствена Македонија е создаден со цел да има обединување околу националниот интерес.

Со одбивањето на Манифестот, СДСМ докажува дека тие не се за обединување туку дека тие се за поделби. Ним им е поважно да веруваат дека преку прифаќањето на Тиранската ќе се спасат од затвор.

Затоа народот е на нозе! Затоа Македонија се буди“, изјави Даниела Рангелова, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нелоски: Нови сознанија за криминалните пожарникарски скали на Шилегов

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ почнува со акција „Пратениците со народот“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Лефков: Филипче и Заев уплатиле 7.8 милиони на фантом фирмата од Хонг Конг, тоа не е гаранција, туку чиста исплата со акредитив

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: 25 илјади деца се во сиромаштија, а Царовска турка проект темелен на елитизам од 120 милиони евра за дигитални учебници

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Павлина Црвенковска во Судски совет е продолжена маша на Заев

Ана Ололовска

Нелоски: Од средбата на Мицкоски со Пендаровски очекуваме уставобранителите конечно да добијат вистинска правда, а Заев да ги тргне рацете од правосудството

Ана Ололовска