Рамковните административци уште не тргнале на работа, 160 од нив воопшто не се појавиле или одбиле да потпишат решенија

Од:

Од вкупно 1.349 административни службеници 1.180 ги потпишаа своите нови решенија за вработување и во рок предвиден со закон, тие ќе започнат со работа, а 26 одбија да ги потпишат новите решенија за вработување, информира Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

На вработените кои не ги потпишале решенијата, прецизираат, им престанува работниот однос во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и се евидентираат во трансфер-листата на Министерството за информатичко општество и администрација.

-Раководните лица во институциите каде се распределени административните службеници вработени преку програмата К-5, се должни да ја започнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од овој закон во рок од 30 дена од денот на усвојувањето на Планот за преземање од членот 4 од овој закон. Во законскиот рок, Министерството за политички систем ќе ги распредели решенијата на уште 135 административни службеници кои воопшто не се појавиле, посочуваат од кабинет на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Оттаму потсетуваат дека голем дел од 237-те институции каде веќе се распределени административните службеници, на адреса на Министерството за политички систем испратија известувања дека овие службеници наскоро ќе започнат со работа, бидејќи нивните работни места се подготвени.

-Останатите институции исто така го информираа Министерството за политички систем дека се во процес на систематизирање на работните места и дека нивните измени се веќе испратени за одобрување до Министерството за информатичко општество, велат од кабинетот на Груби.

Би можело да ве интересира

МСП донесе одлука за итни мерки против Израел

Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата

(ВИДЕО) Русија е виновна за се во Македонија: Путин ни прави меѓуетнички тензии – Груби обвини, премиерот го поддржа

Анита Петровска Рајковиќ

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

Орце Костов