Рамчиловиќ: Саша Богдановиќ склучувал договори во четири очи без тендер

Од:

„Саша Богдановиќ 4 години по ред ги злоупотребувал парите на граѓаните на општина Центар и преку договори во 4 очи склучувал милионски тендери.

Според јавно достапните информации преку електронскиот систем за јавни набавки, Богдановиќ од позиција на директор на Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар, во период од 4 години, односно за 2014, 2015, 2016 и 2017 година, склучувал договор за изнајмување на систем за СМС наплата, без претходно распишување на оглас.

Договорен партнер на ПОЦ во милионската зделка, во период од сите 4 години се јавува една иста фирма, тоа е фирмата ВИСТА ГРУП ДООЕЛ Скопје.

Богдановиќ без јавен оглас, со договор во 4 очи од парите на центарци кон ВИСТА ГРУП во 2014 година префрлил 7.223.446 денари, во 2015 година, 7.740.177 денари, во 2016 година 7.740.177 денари, а во 2017 година 10.329.309 денари, при што за 4 години исплатил над 33 милиони денари, односно 530 илјади евра.

Да почитувани граѓани 530 илјади евра од вашите пари без постапка на јавен оглас префрлил Саша Богдановиќ на приватна фирма. Богдановиќ наместо да се грижи за јавниот интерес, се погрижил да и овозможи милионски профит на ВИСТА ГРУП.

Богдановиќ треба да им одговори на граѓаните како исплаќал милиони од сметката на ПОЦ без притоа да распише јавен оглас и да бара најповолен понудувач, со што би заштедил огромен дел од исплатените средства.

Ова е навистина огромен скандал и типичен пример за злоупотреба на парите на граѓаните. Ова е пример за неодговорно однесување. Граѓаните тоа го гледаат и граѓаните тоа ќе го казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Зекир Рамчиловиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски