Рама: Заканите по стабилноста во Северна Македонија и Црна Гора се опасни и неприфатливи

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, реагираше по изјавата на министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ, во врска со Северна Македонија и Црна Гора, оценувајќи при тоа дека „заканите по стабилноста на двете соседни земји се неприфатливи и многу опасни“, јавија албанските медиуми.

Рама ги нарекува „многу опасни“ и „неприфатливи“ изјавите на Вучевиќ за српските медиуми, за кои рекол дека Северна Македонија и Црна Гора „нема да бидат мирни“ иако се дел од НАТО.

-Заканите против стабилноста и интегритетот на Северна Македонија и Црна Гора се многу опасни и неприфатливи. Да не заборавиме дека Албанија, Северна Македонија и Црна Гора се сојузници на НАТО, целосно посветени на безбедноста и територијалниот интегритет на едни со други, пишува Рама.

Вучевиќ го изразил своето незадоволство од двете држави поради признавањето на независноста на Косово на што Рама во реакцијата му порачува дека двете земји и Северна Македонија и Црна Гора се дел од НАТО и додава дека иднината на регионот е Голема Европа.

-Во последната деценија во овој регион го постигнавме она што никој не можеше да го замисли со децении претходно и не можеме и нема да дозволиме некој да не влече назад во минатото кое го оставивме зад нас засекогаш! Заедно! Голема Европа е нашата единствена иднина, напиша Рама.

Во изјава за медиумите, Вучевиќ уште додал дека Северна Македонија и Црна Гора „се мешале во внатрешните работи на Србија“ со признавањето на Косово.

-Направија грешка која повторно ќе ги прогонува, како што ги прогонува сите во случајот со Украина, кои го промовирааа Косово како независна држава. Тие ја отворија Пандорината кутија, рекол Вучевиќ.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Крстевски од „Сакам да работам“: Заложници сме на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини