Рама: Таканаречената Тиранската платформа не е причина што Груевски не е повеќе на власт

Од:

Таканаречената „Тиранска платформа“ не е причината што Груевски не е повеќе на власт, рече Еди Рама во интервју за германски „Стандард.

Тој во интервјуто кажува дека нема конфликт со Груевски и дека тие двајца се пријатели.

– Јас не се замешав во македонските избори, ниту им наложив на партиите на Албанците во Македонија што да прават. За нас Македонија е централна, секоја закана за интегритетот на Македонија е опасност за целиот регион, рече Рама.

Албанскиот премиер сепак смета дека е природно што претставници на албанските политички партии по изборите, од Тирана барале мислење како да постапат кога станува збор за формирање влада.

– Албанците во Македонија не се малцинство туку конститутивен народ и ако на нив им се помага, тоа значи дека и се помага и на Македонија во зацврстувањето, нагласува Рама.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Рама се држеше за главата додека го слушаше Зеленски

Рама ги најави „дигиталните министри“ во Албанија

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков