А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Рама: Силна и демократска Македонија значи и посилна и подобра Албанија

by А1он12/07/2017 - 16:23197
Share0

Посилна и демократска Македонија, ќе значи и успешна Албанија, изјави албанскиот премиер Еди Рама по денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Трст, пренесува АТА.

Добивај вести на вибер

– Нема тензии меѓу нас на ниво на држави. Имаше некои внатрешни политички тензии и зголемена, дури и скандалозна реторика во Македонија, за што не сакам да коментирам. Едноставно е, колку Македонија е посилна, подемократска и поуспешна, толку посилна и подобра е Албанија. Бидејќи во Македонија живеат Албанци кои се државотворен народ и колку се тие подобри, толку сме и ние и нашата заедничка иднина, изјави Рама за Дојче веле.

Прашан што е постигнато во разговорот со Заев, Рама рече дека зборувале за иднината, не за минатото и дискутирале за чекорите што ќе се преземат за јакнење на билатералните односи во сите аспекти.

– Јас јасно му кажав на мојот колега дека ние сакаме успешна Македонија во сите аспекти, истакна Еди Рама.

albanijarama

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он08/01/2026 - 17:35

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски22/12/2025 - 14:3122/12/2025 - 14:32

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 14:2918/12/2025 - 14:32

Рама се држеше за главата додека го слушаше Зеленски

Горан Наумовски26/11/2025 - 13:50

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Горан Наумовски24/11/2025 - 19:05

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Катерина Ѓуровски17/11/2025 - 08:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен