Рама повикува Македонците и Албанците од земјава да го прифатат предлогот на Макрон

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама преку Твитер испрати порака до Македонците и Албанците во Македонија, да го прифатат новиот француски предлог на Емануел Макрон.

„Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци во СМ: Прифатете!“, напиша Еди Рама на Твитер.

Претходно, претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел го поздрави француското решение за договор помеѓу Македонија и Бугарија на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Мишел напиша дека е постигнато решение за договор што ќе го отвори патот за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија во ЕУ и дека со ова решение ЕУ е најблиску од кога било да каже „да“ за нашата земја.

Францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференцијата на Самитот на НАТО во Шпанија откри дека неговото претседателство нашло компромисно решение за преговарачката рамка за членство во ЕУ за Северна Македонија.

„Мислам дека најдовме компромисно решение“, рече тој на прес-конференција на самитот на НАТО во Шпанија.

Би можело да ве интересира

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Кошта од Тирана: Албанија може да биде во европското семејство и пред 2030 година

А1он

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Излезни анкети на парламентарните избори во Албанија, триумф на партијата на Еди Рама

А1он

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски