Раководител на ЈП пишувал дневници на вработен додека извршувал приватни работи

Од:

Раководител на сектор во Јавно претпријатие од Радовиш го оштетил претпријатието за 5.000 евра, пишувајќи дневници за полно работно време на вработен, додека извршувал приватна дејност.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Г.Д.(44) од Радовиш за сторено кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2016 и 2017 година, пријавениот, како раководител на сектор во ЈП „Плаваја“ – Радовиш, во повеќе наврати, во платните списоци и дневните евиденции за вработениот Р.М. евидентирал полно работно време, додека извршувал приватна дејност утовар, превоз и истовар на дрвни сортименти. Со ова пријавениот му овозможил на Р.М. да се стекне со противправна имотна корист од 325.000 денари на штета на ЈП „Плаваја“ – Радовиш.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он