Раковец: Словенија останува поддржувач на евроатлантските интеграции на Македонија

Од:

Словенија ќе продолжи да биде верен поддржувач и искрен пријател на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Ќе продолжиме да го помагаме вашиот пат кон членство во ЕУ и НАТО, затоа што тоа го одбраа лидерите и граѓаните на Македонија, рече денеска словенечкиот амбасадор Бранко Раковец на приемот во Скопје по повод одбележување 24 години од независноста на Словенија.

– Граѓаните и лидерите на Македонија го направија изборот. Тие сакаат стабилност, хармонија и просперитет. Тие ги избраа стратегиските цели за својата иднина. Сакаат да живеат во земја со евроатлантски вредности. Сакаат да станат полноправни членки во евроатлантските интеграции. И ова е тоа што граѓаните на Македонија навистина го заслужуваат. Што се однесува до одговорноста, можам да ве уверам дека Словенија и натаму ќе биде пријател на Македонија на патот кон НАТО и ЕУ членството и ќе продолжиме да ви даваме поддршка, изјави Раковец.

На приемот на кој присуствуваа претседателот на Собранието на РМ Трајко Вељаноски, министри во Владата, претставници на институции, на бизнис заедницата, членови на дипломатскиот кор, претставници на верските заедници и други гости, тој истакна дека Словенија и Македонија негуваат одлични пријателски односи кои датираат уште од времето кога беа дел од една заедничка држава. Го истакна значењето на соработката во однос на туризмот, културата и особено во економијата.

Словенија прогласи независност од СФРЈ врз основа на референдумот за независност од 25 јуни 1991 година. Земјата се приклучи на НАТО во март 2004 година, а на ЕУ во мај истата година.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза