Рахиќ по смртта на притвореник во затворот: Состојбата е мирна, луѓето се свесни

Од:

Директорот на истражниот затвор во Шутка, Есад Рахиќ за „А1он“ вели дека состојбата внатре во затворот е мирна. Според него, луѓето се свесни дека владее пандемија, а детали за починатиот притвореник и мерките кои се преземаат ќе соопшти во понеделник.

„Во затворот состојбата е мирна. Луѓето се свесни. Се сè одвива редовно, односно работите течат вообичаено. Нема никаков проблем. Комуникацијата со ресорното министерство и надлежните институции исто така е во тек. Во понеделник ќе излеземе со сите информации“, посочи Рахиќ.

Инаку, министерот за здравство, Венко Филипче на последната прес-конференција посочи дека притвореник починал од срцев удар во затворот, за по извршената обдукција, да биде утврдено дека тој е позитивен на коронавирусот.

„Тој немал симптоми, немал температура, но на обдукцијата е позитивен на вирусот и сега се прават епидемиолошки анкети на сите што биле во близок контакт со него“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Се истепале затвореници во Шутка, еден завршил во болница

Катерина Ѓуровски

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Инцидент во истражниот затвор „Скопје“: Осуденик претепал полицаец

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска