Рахиќ по смртта на притвореник во затворот: Состојбата е мирна, луѓето се свесни

Од:

Директорот на истражниот затвор во Шутка, Есад Рахиќ за „А1он“ вели дека состојбата внатре во затворот е мирна. Според него, луѓето се свесни дека владее пандемија, а детали за починатиот притвореник и мерките кои се преземаат ќе соопшти во понеделник.

„Во затворот состојбата е мирна. Луѓето се свесни. Се сè одвива редовно, односно работите течат вообичаено. Нема никаков проблем. Комуникацијата со ресорното министерство и надлежните институции исто така е во тек. Во понеделник ќе излеземе со сите информации“, посочи Рахиќ.

Инаку, министерот за здравство, Венко Филипче на последната прес-конференција посочи дека притвореник починал од срцев удар во затворот, за по извршената обдукција, да биде утврдено дека тој е позитивен на коронавирусот.

„Тој немал симптоми, немал температура, но на обдукцијата е позитивен на вирусот и сега се прават епидемиолошки анкети на сите што биле во близок контакт со него“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Груби е спроведен во притворското одделение во „Шутка“

Горан Наумовски

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата

Обвинение за екс директорот на „Шутка“ Андов – пуштал затвореници да одат дома за приватни потреби

Катерина Ѓуровски

Се апсат поранешни припадници на затворската полиција, меѓу уапсените е и екс директор на „Шутка“

Горан Наумовски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски