Рафиз Алити: Немаше никаков состанок на ДУИ во Сарај

Од:

Пратеникот од ДУИ, Рафиз Алити, кој беше споменуван во контекст на вчерашната тепачка во Сарај, тврди дека партијата немала никаков состанок на огранокот таму, а како што вели не се одржал состанок ниту во кој било друг огранок на партијата, пренесе Утрински весник.

Тој појаснува дека тепачката се случила во чајџилница во Кондово и дека не ги знаел мотивите за неа.

Инаку, МВР потрдува дека имало престрелка во чајџилница во Кондово при што биле испукани неколку куршуми. Во престрелката тројца се повредени од кои еден е со тешки телесни повреди.

Неофицијално, станува збор за пресметка на приврзаници на Рафиз Алити и на Блерим Беџети.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата