Рафис Алити од ДУИ собира потписи за отповикување на одлуката за распуштање на Собранието

Од:

Рафис Алити, пратеник на ДУИ, собира пратенички потписи за да поднесе Иницијатива за да може да се отповика Одлуката за распуштање на Собранието на 24. февруари.

Оваа иницијатива засега ја подржаа 18 пратеници од ДУИ, но потребни се уште двајца потписници.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се без коментар. Последниот став е дека според нив има услови за одржување на избори во датумот кој е договорен во Пржино, а тоа е 24.април.

СДСМ веќе изјавија дека нема да се потпишат на иницијативата и нема да ја гласаат доколку во неа е наведен датум за одржување на предвремнени избори.

За повлекување на одлуката за распуштање на Собранието, треба да гласаат најмалку 62 пратеници.

За пролонгирање на терминот од 24. април е потребно и менување на Изборниот законик.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански