Радовишко село цел месец без вода: Не се издржува на овие топлини, сила немаме

Од:

Жителите на радовишкото село Ораовица се жалат дека веќе цел месец речиси по цел ден се без вода. Причината за нив е непозната зашто досега никој ништо не им објаснува, но се сомневаат дека се штеди со оглед дека пумпата е на струја.

-Не се издржува на овие топлини, немаме сила повеќе. Во текот на зимата има вода, само што ќе дојде летото се зголемува потрошувачката и пумпата е преку струја, тие штедат струја и буквално немаме воопшто вода, велат жители за А1он.

Селото се снабдува со вода преку ЈП Плаваја, од каде според жителите им било кажано дека не можеле да направат ништо за проблемот.

-Постојано имаат изговори и креваат раменици, а тие се должни да ни обезбедат вода, велат од селото кое е под општина Радовиш.

Денеска го барале и државниот комунален инспекторат, но никој не им се јавувал. Најавуваат дека ќе бараат помош во неделава што доаѓа, а дотогаш секој се снабдува со вода како умее. Дел преку бунари, некои велат дека одат во манастирот да земаат вода, а коиј има пари купува. Селото Оравица е претежно населено со постари лица и има околу 600 куќи.

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

48-годишен возач со автомобил удри во маж кој бил во инвалидска количка