Градежен работник во Радовишко загина од сруен удар. Од здравствениот дом во Радовиш пријавиле во полиција дека вчера во 16 часот се случил несреќен случај и загинал работник додека извршувал градежни работи.
Според полицијата работникот изведувал градежни работи на куќа, а несреќата се случила кога ја фатил мешалката за бетон, по што го удрила струја и починал на самото место.