Радев: Софија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од претседателката Сиљановска Давкова да стане конзистентна политика на Владата во Скопје

Од:

Бугарија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Гордана Сиљановска да стане конзистентна политика на Владата на Република Северна Македонија. Ова, како што соопшти кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев, е ставот што тој и го пренел на претседателката Сиљановска Давкона на денешната средба во Софија.

– На средбата, претседателот Радев истакна дека дијалогот на највисоко ниво меѓу двете земји треба да биде активен и да ја стимулира работата на владите, бизнисите, како и билатералната размена во областа на образованието, науката и културата.

Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со РСМ и очекува таа не само да помогне во билатералното културно зближување и економската соработка, туку и преку неа да се постигне решение за отворените прашања во нашите односи. За нив мора да се одлучува врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, протоколите потпишани кон него и Заклучоците на Европскиот совет од летото 2022 година, усвоени едногласно од сите земји-членки на ЕУ и со согласност на РСМ, нагласи Румен Радев. Шефот на државата додаде дека ова е начин да се отвори преговарачкиот процес за целосна европска интеграција на нашиот сосед во интерес на младите во земјата, а тоа ќе биде позитивен знак за целиот регион.

Претседателот Радев повика и на многу поактивни заеднички напори од страна на Бугарија и РСМ за изградба на транспортниот коридор 8, кој е од клучно значење за поврзаноста и безбедноста во Југоисточна Европа и ќе создаде квалитативно нови услови за бизнис, туризам. и поттикнување на инвестиции во регионален план, се наведува во соопштението од кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев издадено по средбата со македонската претседателка Гордан Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Радев и честиташе на Шекеринска: Го очекувам нејзиниот придонес во зајакнување на колективната одбрана

А1он

Радев ја демантира Сиљановска-Давкова, тврди дека го коментирал предлогот за уставни измени со одложено дејство

А1он

Сиљановска Давкова: Соломонско решение е она со одложено дејство

А1он

Сиљановска Давкова: Да ја уредиме сегашноста по мерка на младите

А1он

Мицкоски се надева дека Македонија до крајот на годинава ќе продолжи достоинствено кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Сиљановска се сретна со Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ