Радев на чествување на Денот на бугарската армија во Ново село

Од:

На бугарските воени гробишта во Ново Село, струмичко денеска беше одбележан „Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија“, кои се слават на празникот Ѓурѓовден.

На чествувањето присуствуваа бугарскиот претседател Румен Радев, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, претставници на Националната гарда на Бугарија, воени аташеа, амбасадори, поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан, владиците Наум и Климент, претставници на локалната власт и граѓани од двете земји.

Поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан во сослужение со владиците Наум и Климент одржа света упокоена литургија за загинатите војници закопани на овие гробишта.

Бугарските воени гробишта во Ново Село се обновени пред 12 години и во нив се закопани посмртни останки на 71 војници кои се бореле на страната на бугарската армија во различни војни.

Претседателот на Бугарија Радев денеска во Ново Село беше пречекан од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој потоа замина за Дојран, каде попладнево се одржува работна средба меѓу двајцата државници.

Би можело да ве интересира

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Бугарија избира претседател

Катерина Ѓуровски

Убиен бугарскиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев: Тројца осомничени уапсени на автопат

Предраг Петровиќ