А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно

by А1он19/07/2019 - 08:0319/07/2019 - 08:29361
Share0

Наша должност е да ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно и безрезервно, истакнал бугарскиот претседател Румен Радев на средба со амбасадорите и постојаните претставници на Бугарија во странство во Софија.

Добивај вести на вибер

Радев, како што пренесуваат бугарските медиуми, кажал дека билатералните односи се развиваат добро и оти се надминуваат замрзнатите конфликти и конфронтациите од минатото.

– Потпишаниот Договор за добрососедство практично ја отклучи вратата на Северна Македонија кон НАТО и ЕУ. Бугарија мора да биде и е државата која најмногу ја поддржува Северна Македонија, тоа е наша должност кон нашите браќа таму, но јасно е дека поддршката не е безусловна и безрезервна. Треба да бидеме искрени и јасно да ги ставиме нашите црвени линии, вели Радев.

Според него, ако македонската страна се залага за ЕУ мора да гради добрососедски односи.

– Има работа во врска со учебниците, книгите, медиумите, издавачите и телевизиите за да се исчисти се она што не оддалечува едни од други. Личните емоции не помагаат за тоа. Потребен е поголем ангажман на институциите, истакнал Радев.

Румен Радев најавил дека претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во септември најверојатно ќе ја посети Бугарија што ќе биде добра можност за дополнително зацврстување на односите и соработката меѓу двете земји.

bugarija

Би можело да ве интересира

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 09:24

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 14:38

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 17:17

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 13:4718/02/2026 - 13:49

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Горан Наумовски27/01/2026 - 20:07

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Предраг Петровиќ19/01/2026 - 18:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто