Радев го поздрави испраќањето на амандманите во Собрание: Прв многу важен чекор, а не последен

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев го поздрави одобрувањето од Владата на Македонија на уставните амандмани со кои се додаваат Бугарите во Уставот на земјата и рече дека тоа е „првиот многу важен чекор – а не последниот“.

„Конечно гледаме дека е постигнат напредок со обезбедување уставни гаранции за еднаквите права на Бугарите во Република Северна Македонија“, рече претседателот.

Тој подвлече дека е важно да се види и имплементација на барањата во двата протоколи кои се неделив дел од преговарачката рамка за пристапување на Скопје во ЕУ.

Шефот на државата, исто така, изрази загриженост што бугарската Влада и Народното собрание во Софија не реагирале на резолуцијата на германскиот Бундестаг за ЕУ перспективите на Република Северна Македонија, па затоа морал да им пише на европските лидери за да го повторат бугарскиот став.

Радев, исто така, ја повика владата на Бугарија да се потруди да ги види следните чекори што ги презема Скопје: „говор на омраза, медиуми, училишни книги, музејски информативни ознаки, рехабилитација на репресираните итн“, објави бугарската новинска агенција БТА.

Ставот на Радев не се совпаѓа целосно со изјавата на специјалниот претставник на САД за Балканот, Габриел Ескобар кој во синоќешната дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на американскиот Конгрес рече дека е ангажиран со новата влада на Бугарија за да се осигура дека Софија нема да поставува нови барања.

– За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Северна Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори, рече Ескобар.

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Габријел Ескобар: Српската заедница на Косово страда, итно се потребни решенија

Ескобар: САД очекуваат по изборите да се формира Влада посветена на НАТО и на интеграцијата во ЕУ

Габриел Ескобар: Игнорирајќи го дијалогот, Приштина ги игнорира и европските партнери

Горан Наумовски

Ескобар: Приштина мора да го промени пристапот, Белград да биде трпелив

(ВИДЕО) Ковачевски – Ескобар: Европскиот пат на Северна Македонија е силно поддржан од САД