Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

Од:

Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, ја информира јавноста дека утре (18.04.) сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје ќе работат во периодот од 8 до 16 часот.

Одделението за управни работи Скопје, пак, односно неговите организациони единици утре (18.4) ќе работат со следниот временски распоред:

Пункт Пролет – двосменски од 7.30 до 19.30 часот;

Пункт МТВ – двосменски од 7.30 до 19.30 часот, а со истиот распоред ќе работат и пунктовите во Беко и во Ѓорче Петров;

Пунктовите Драчево и Бутел ќе работат во една смена во периодот од 10 до 18 часот.

Притоа, ги известуваме граѓаните дека фотографирањето за лични документи ќе се врши без закажување на термин, а издавањето на документите ќе се одвива тековно.
Задутре пак (сабота 19.4.) ќе работат само шалтерите за издавање на лични документи во МТВ и Беко од 8 до 16 часот.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ