Во кругот на РЖ „Железара“ вчера околу 11:20 часот при изведување работи во трансформатор дошло до струен удар при што починал работникот Симјан С. (55) од Скопје, соопшти МВР.
На местото на настанот извршен е увид, а телото на починатиот по наредба на Јавен обвинител е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.